Погба во Јувентус: Емре Џан и 60 милиони евра за Манчестер Јунајтед

Пол Погба сепак би можел во јануари да го напушти „Олд Трафорд“. Можеби Реал Мадрид загуби интерес, но тука е Јувентус кој според италијанските медиуми повтрно е во игра за трансфер на францускиот репрезентативец.

Јувентус би го испратил емре Џан во Манчестер Јуанјтед. Неговата вредност на пазарот во моментов е од 30 до 40 милиони евра, а италијанскиот шампион би доплатил околу 60 милиони евра за да биде достигната сумата од 100 милиони евра колку што Јунајтед бара за Погба. За ова ќе треба согласнот од менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Пол Погба по два и пол месеци конечно минатиот викенд се врати во тимот на Манчестер Јуанјтед и одигра дел од вторто полувреме во поразот од Вотфорд.

Се вчитува...