Погледнете го комичниот автогол поради кој Лацио загуби во Истанбул (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио со пораз од 1-0 се враќаат од истанбулското гостување против Галатасарај во Лига Европа. Притоа единствениот гол на мечот беше автоголот на голманот на римскиот тим, Томас Стракоша.

Имено, во 67. минута од натпреварот при еден неспособен обид за „чистење“ на нафрлување во казнениот простор топката се упати кон голот на Стракоша, а албанскиот интернационалец кој немаше притисок од противнички играч наместо да ја исфрли топката во аут, ја смести во сопствената мрежа.

 

Се вчитува...