Погледнете го ремек делото на Меси вредно титула за ПСЖ (ВИДЕО)

ПСЖ ја врати лигашката титула во своите витирини откако во 34. коло ремизираше со Ленс, а новиот бод беше доволен на четири кола пред крајот на сезоната парижани да стигнат на недостижни 16 бода предност пред второпласираниот Марсеј.

Херојот на клубот од главниот град на Франција беше Лео Меси кој во 68. минута упати прекрасен удар од 23 метра за кој гостинскиот голман немаше одбрана.

Се вчитува...