Погледнете како Хајдари го победи Французинот за финале на МИ (ВИДЕО)

Македонија веќе го осигура и вториот медал на Медитеранските игри во Таранто, Италија и тоа повторно во борење.

По Фати Вејсели во категоријата до 74 килограми во финалето се пласираше и Реџеп Хајдари во категоријата до 97 килограми. Хајдари во полуфиналето беше подобар од Французинот, Адијан Вишканов со 3-2.

Во финалето Хајдари ќе се сретне со Гркот, Даруен Куруглиев. Борбата е закажана за утре во 19.20 часот.

Во продолжение погледнете ја победничката борба на Хајдари.

Се вчитува...