Погледнете како Перишиќ го „излуде“ Ван Дајк (ВИДЕО)

Осминафиналниот натпревар од Лигата на Шампионите помеѓу Интер и Ливерпул заврши со победа од 2-0 за гостите од „Островот“, но симпатиите ги собраа „нероаѕурите“ кои покажаа одлична игра против англискиот гигант. Фудбалерите на миланскиот тим наидоа на големи пофалби по натпреварот, пред се Иван Перишиќ кој имаше одличен натпревар.

Хрватот блескаше на теренот, а така беше и во 15. минута кога при пробив од левата страна доби одлична топка во простор од Чалханоглу, но нафрлувањето во шестнаестникот го ифрли Ван Дајк пред Един Џеко и потоа имаше што да им каже на своите соиграчи.

@futbolhero Van Dijk upset with Trent’s defending😳 #football #liverpool #vvd #vandijk #trent #taa #fyp #trending #viral ♬ Sahara – Hensonn

Се вчитува...