Борусија Дортмунд и Вердер Бремен одиграа фантастичен натпревар во 3. коло од Бундеслигата. „Милионерите“ беа пред третата победа во исто толку натпревари до се 89. минута кога имаа предност од 2-0, но не успеаја да ја задржат истата.
Надеж за гостите од Бремен донесе Буканан со гол во 89. минута, а шокот настана во судиското продолжение. Во 93. минута Шмидт на асистенција на Пајпер испрати неодбранлив удар со глава, а во 95. минута Бурке одлично истрча во контра напад и не ја пропушти шансата да донесе целосен пресврт.
Како Вердер во судиското продолжение приреди шок пред 81 илјади навивачи на „Сигнал Идуна Парк“ може да погледнете ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА