Погледнете во приватниот авион на Новак Ѓоковиќ: Вистински луксуз (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ прелета 13.300 километри за само еден ден и од Доха пристигна во Буенос Аирес за да се прости од својот голем пријател Хуан Мартин Дел Потро, а потоа да му го подари пехарот на победникот на Копа Либертадорес.

Сето тоа Новак го направи со својот приватен авион „Gulfstream G650“, кој се издвојува по една работа – има два мотори и е способен за долги летови како овој, кој траеше 19 и пол часа.

Од 2015 година Новак ги користи услугите на приватна компанија која го одржува неговиот авион и обезбедува пилот и персонал. Што се однесува до внатрешноста на авионот, на фотографиите кои ги споделиле луѓето кои патувале со Новак се гледа дека пука од удобност и луксуз. Има место за 18 патници, опремен е со сите потребни предмети, а секој кој ќе се најде во него дефинитивно може да ужива.

 

Се вчитува...