Поинаку е во Лига Европа: На мечот Вардар – Зенит ќе функционира „гол-линија“ технологијата

Македонскиот првак Вардар вечерва ќе го игра историскиот прв натпревар во групната фаза од Лигата на Европа. На арената „Филип Втори“ ќе гостува рускиот клуб Зенит, кој има мултимилионски состав, а од клупата го предводи италијанскиот стратег Роберто Манчини.

На овој меч од Лигата на Европа, ќе функционира и „гол – линија“ технологијата, со оглед дека арената е опремена со најсовремените уреди по одржувањето на Суперкупот на Европа. Доколку топката ја мине гол – линијата, тоа ќе му биде сигнализирано на главниот судија, Данецот Јакоб Калет. Дај Боже, тоа да биде во корист на Вардар.

Од стандардните информации и фактот дека вардарци ќе играат во своите „црвено-црни“ дресови, додека Зенит ќе истрча во бела комбинација на вечерашниот меч, кој ќе стартува во 21.05 часот.

Се вчитува...