Поискусните „пелистерци“ го добија „братското дерби“ во Суперлигата

Актуелниот македонски ракометен шампион Е. Пелистер славеше во братското дерби против својот втор тим со 27-34 во премиерниот натпревар од денешната програма од 8. коло во Суперлигата на Македонија.

Откако младите битолчани одлично му парираа на големиот брат во првиот дел (18-18), сепак доживеаја пад во вториот дел кој искусно го искористија избраниците на Гарабаја и стигнаа до триумф од 27-34.

Рудолф Хакбарт со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Бојан Гичев постигна исто така седум погодоци.

Се вчитува...