Поискусните подобри во контролниот меч на двата тима на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер славеше над Еурофарм Пелистер со 28-26 во контролен натпревар во арената „Боро Чурлевски“. Мечот се играше два пати по 25 минути во кои победата им припадна на поискусните.

Обрадовиќ и Арсеновски со по пет гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените се истакна Димитриоски со шест гола.

Еурофарм Пелистер:
Кизиќ 1, Ивановски, Обрадовиќ 5, Танковски 5, Табоада 1, Арсеновски 5, Божиќ Павлетиќ 3, Кукуловски, Павле Атанасијевиќ 1, Стоилевски 3, Кукоски, Марковски 4
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајковски, Јовановски, Ристевски, Талевски 3, И. Димитровски, В. Димитровски 5, Димитриоски 6, Петровиќ 3, Петар Атанасијевиќ 3, Митревски 1, Ѓорговски 2, Ѓукиќ 1, Блажевски 2, Буторац, Петковски
Седмерци: /
Исклучување: 6 минути

Се вчитува...