Уругваецот Густаво Појет доби отказ на клупата на француски Бордо. По синоќешниот меч од Лигата на Европа против Мариупол, Појет беше лут на раководството на клубот затоа што го продале напаѓачот Гаетан Лаборде на Монпелје.
Појет ги нарече потезите на раководството срамни и самиот се закани со отказ. Но, не стигна сам да даде отказ затоа што утрово клубот го дочека веќе со потпишан отказ.
„Не сум среќен. Ова е еден од најсрамните денови за клубот. Срамно е што направија со Лаборде. Им кажав да не го пуштаат ако не доведат некој нов. Никого не донесоа, а го пуштија него. Пристигнав во 11.35 часот утрово, никој ништо не ми кажа, а Лаборде веќе бил во Монпелје“ – изјави Појет синоќа на прес-конференцијата по мечот и дополни:
„Не знам што ќе биде. Немам желба да работам затоа што тие работат против мене, играчите и навивачите“.
Раководството на клубот не чекаше долго, и по овие синоќешни зборови, го разреши Појет, па Бордо сега е без тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА