Покана до Скубе: Дојди во Брест на чист воздух…

Сташ Скубе објави дека си заминува од Вардар, е веќе е „јавна тајна“ дека следна дестинација на словенечкиот среден бек ќе биде Мешков Брест. Словенецот веќе почна да се распрашува за условите за живот во Белорусија, а соговорник му беше сонародникот од таборот на Мешков Брест, Симон Разгор.

Очекувано, Разгор говореше само во суперлативи за клубот и државата во која моментно игра, канејќи го Скубе да му се приклучи.

Меѓу другото, еден од аргументите со кои Разгор го убедува Скубе е чистиот воздух во овој белоруски град, наспроти загаденото Скопје.

Видеото е објавено на официјалниот јутјуб-канал на Мешков Брест, па повеќе од јасно е дека трансферот на Скубе е договорен, а се чека само на официјалната потврда од страна на белорускиот шампион.

Се вчитува...