Покетино бесен: ПСЖ е промашување од половина век, не сум проблемот јас…

Маурицио Покетино не може да го преболи отказот добиен во ПСЖ, откако аргентинскиот стратег не ги исполни очекувањата на управата на „светците“ и беше сменет во текот на летово, иако убедливо ја освои титулата во Франција и имаше уште 12 месеци од договорот со клубот.

Според екс-тренерот на Тотенхем, краткорочноста и немањето доверба е главен проблем на ПСЖ и покрја огромниот буџет.

„Постојат клубови како Ливерпул или Манчестер Сити, кои имаат долгорочни проекти и им даваат шанса на луѓето да ги остварат. Ние во ПСЖ ја освоивме титулата со 15 бода предност, но веднаш штом испаднавме од Реал, знаевме дека ќе имаме проблем. Сити исто така беше елиминиран од Реал Мадрид, а следната седмица – го купи Ерлинг Халанд. Станува збор за сосема различни проекти, во Манчестер Сити тренерот е сигурен, седум години веруваат во него иако не ја освои европската круна, додека во ПСЖ очекуваат уште на доаѓањето, на врата да им донесеш пехар. И тоа не било кој пехар, туку оној од Лигата на Шампионите. Се е поинаку, јас знаев дека е така и сепак го прифатив проектот. Бевме свесни дека веднаш мораме да се обидеме да ја освоиме ЛШ ако сакаме да останеме. За мене, ПСЖ како проект е промашување од половина век, не само од минатата сезона. Погрешно е цело време да инсистирате само на тој еден трофеј бидејќи фудбалот знае да биде непредвидлив и да останете со празни раце“, изјави Покетино.

Се вчитува...