Покетино денеска пристигнува во Манчестер, сите патишта водат кон совршено сценарио!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен денеска пристигнуваат во Манчестер на дуел со Сити, но фокусот е на Маурисио Покетино и градскиот ривал Јунајтед. Со доаѓањето на Покетино во Јунајтед денеска се занимаваат англиските медиуми кои истакнуваат дека Аргентинецот е подготвен веднаш да се пресели во „Театарот на соништата“ и дека дал сигнал управата да тргне во офанзива.

Ништо не го спречува Јунајтед сега да го направи тоа, клаузулата за негово итно пристигнување од Париз е 10 милиони фунти, што не е ништо ако се земе предвид дека тимот гори и дека е неопходен нов тренер што поскоро. И големиот Алекс Фергусон даде големо „ДА“ за неговото доаѓање, па Покетино ги има сите позитивни гласови на поддршка во клубот.

Како што пишувавме синоќа, Покетино е во лоши односи со директорот Леонард, а не му се допаѓа што медиумите го заменуваат и покрај тоа што е убедлив лидер во Лига 1, го победи Сити и е на чекор до пласман во нокаут фазата од Лигата на шампиони. Покетино сака стабилност во клубот и тимот, а ниту еден тренер во Париз го немаше тоа во последните години. И ПСЖ е подготвен да реагира, катарското семејство веќе стапило во контакт со претставниците на Зидан, па се оди во добар правец за евентуална замена на Маурисио.

Аргентинецот исто така сака да оди во Англија, бидејќи неговото семејство се уште живее во Лондон, додека тој е во Париз речиси една година. Медиумите во Манчестер го очекуваат расплетот, а доколку ПСЖ утре загуби на „Етихад“, Покетино би можел и експресно да биде отпуштен, но и веднаш да остане во Манчестер.

Се вчитува...