Тренерот на францускиот вицешампион Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино е подготвен да го раскине договорот со „светците“ доколку Јунајтед го повика да седне како менаџер на својата клупа.
Аргентинецот има договор со тимот од француската престолнина до 2023 година, а по истекот на тој рок постои можност соработката на релација Покетино-ПСЖ да биде продолжена за уште една година.
„Црвените ѓаволи“ се без менаџер од неделата, откако клубот го напуши Норвежанецот Оле Гунар Солскјер, а моментално како привремено решение на оваа должноста ќе биде поранешниот фудбалер на Јунајтед, Мајкл Керик.
Маурицио Покетино (49) има огромно искуство во Премиер лигата, откако помина петгодишен мандат на чело на Тотенхем, за време на кој ги предводеше „Спарс“ до финалето на Лигата на шампионите.
Според „Би-Би-Си“, Покетино и во минатото не криел дека би сакал повторно да води тим во Премиер-лигата, бидејќи неговото семејство се уште е во Лондон. Британските медиуми пишуваат дека Покетино моментално не е задоволен од ситуацијата во која за спортски директор на ПСЖ беше назначен Леонардо. Дополнително се наведува и дека катарските сопственици на ПСЖ се големи фанови на Зинедин Зидан и дека би сакале да го видат во својот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА