Покетино го одбра својот фаворит за Златната топка

Конкуренцијата за овогодинешнот издание за Златната топка се чини дека е најголема, и најнеизвесно е кој ќе ја го добие ова признание.

Секој има свој фаворит, а така и тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино. Од неговиот тим се чини има најмногу играчи кои конкурираат, а тој одбра кој заслужува да ја освои.

„Имав проблем што кажав дека Меси заслужува да ја освои. Ми реагираа Нејмар и Мбапе и ме прашаа зошто не кажав за нив. Би било добро некој од ПСЖ да ја освои“, рече Покетино.

Се вчитува...