Покетино: Го заменив Меси за да го заштитам од повреди, пред нас се важни натпревари

Тимот на ПСЖ синоќа запиша тешка победа на домашен терен против тимот на Лион (2-1), а внимание на овој меч предизвика тренерот на „светците“, Маурисио Покетино и првата ѕвезда Лионел Меси.

Аргентинецот беше заменет во 76. минута, а Лео беше видно изненаден од одлуката на тренерот, па не сакаше да му подаде рака на својот менаџер по излегувањето од игра.

„Решивме да го замениме Меси за да го заштитиме од повреди. Пред нас се важни натпревари и мора да се осигураме дека тој е добро. Ние донесуваме такви одлуки поради тимот“, изјави Покетино.

Се вчитува...