Покетино горд: Лесно е да поведеш на „Олд трафорд“, тешко е да победиш…

Маурицио Покетино не го криеше задоволството откако неговиот тим одигра извонреден меч и триумфираше со 0-3 на „Олд трафорд“, испраќајќи јасна порака до ривалите дека Тотенхем е подготвен за атак на самиот врв.

„Оваа е многу важна победа за нас бидејќи останавме со девет бода, ако не славевме луѓето ќе продолжеа со приказните дека не можеме да победуваме врвни екипи. Ова е јасна порака од нашиот клуб, дека веруваме во себе и играме добар фудбал“ – истакна Покетино.

Тој упати комплименти и за играта на домаќините, кои промашија неколку одлични шанси на синоќешниот дерби-дуел.

„Никогаш не е лесно да се игра овде против Јунајтед, видовте дека и денеска домаќините одиграа одлично, но не успеаја да постигнат гол. Можеби е лесно да поведеш прв на „Олд трафорд“, но тешкиот дел е да го задржиш тоа водство, да победиш. Обично екипите по тој водечки гол застануваат да се бранат, но ние постигнавме уште два гола и покажавме дека сме тим што игра на највисоко ниво на секој терен“ – гордо изјави Покетино.

Се вчитува...