Покетино и без Нејмар против Лајпциг

Маурисио Покетино нема да може да смета на Нејмар за натпреварот од Лигата на шампионите против Лајпциг. Нејмар се повреди за време на паузата за репрезентацијата на Бразил и натпреварите во квалификациите за СП и нема да може да настапи за Пари Сен Жермен на дуелот против Лајпциг во Лигата на шампионите.

Бразилецот веќе го пропушти натпреварот во Лига 1 против Анже.

„Како и секогаш, приоритет е здравјето на играчите. Нејмар има помал проблем и се надеваме дека ќе ни се придружи во наредните денови“, рече Маурисио Покетино на прес-конференцијата.

Поради суспензијата, во составот на „светците“ нема да биде ниту Анхел ди Марија, како и неподготвените Лидеро Паредес и Серхио Рамос. Пари Сен Жермен го пречекува Лајпциг на „Паркот на принцовите“ во вторник во 21 часот. Во групата А, Парижаните се први со четири бода колку и Клуб Бриж, Манчестер Сити има три бода додека Лајпциг има два порази.

Се вчитува...