Покетино: Има место за Бензема во ПСЖ, ама на плејстејшн

Иднината на Карим Бензема во Реал Мадрид е неизвесна, без оглед на тоа што станува збор за еден од најдобрите напаѓачи и голгетер кој долго време е дел од „кралевите“.

Бензема често е критикуван и потценет, а тој донесе многу титули на Реал Мадрид, а сега може да добие „нож в грб“ од претседателот Флорентино Перез, и да биде продаден. Се споменуваат дека Мбапе и Халанд ќе дојдат во Мадрид идното лето, а тоа би можело да значи продажба на Бензема.

Како следна дестинација се споменуваше ПСЖ, а денеска прес-конференција одржа тренерот Маурисио Покетино, на која зборуваше и за Бензема.

„Има ли место за Бензема во ПСЖ? Да, на плејстејнш секогаш можете да го имате Бензема во ПСЖ“, истакна Покетино смеејќи се.

„Сите големи играчи иаат свое место, ама мислам дека балансот е важен дел од фудбалот. Тој е одличен играч кој од година во година покажува одличен талент. Во случајот да си замине, тоа би било голем пораз за Реал Мадрид. Не би рекол дека тоа ќе го искористи ПСЖ, но јасно е дека тој е врвен напаѓач“, изјави тренерот на ПСЖ.

Се вчитува...