Покетино има решение за „немирниот“ Орие: Ќе го удрам со глава!

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино летово го доби посакуваното засилување, францускиот десен бек Серж Орие, „лошото момче“ од ПСЖ. Орие е познат по недоличното однесување, особено е познат по тоа што го навреди својот поранешен тренер, Лоран Блан преку социјалните мрежи, како и расправиите со соиграчите за време на неговиот престој во Париз.

Покетино откри дека по пристигнувањето на Орие, имале долг разговор по кој лично го предупреди Французинот доколку продолжи со неговото однесување.

„Долго време разговаравме кога пристигна. Му објаснив каков клуб е Тотенхем, каков тренер сум јас и што барам од моите играчи. Мислам дека добро ме разбра, доколку ги повторува истите грешки како во ПСЖ, ќе го удрам со глава“, истакна Покетино.

Имено, Покетино е познат како вистински џентлмен и е еден од најпристојните менаџери во Премиер-лигата, кога станува збор за однос со играчи, колеги и судии.

Се вчитува...