Покетино: Имам уште договор со ПСЖ, кога ќе заврши сезоната ќе разговараме

Маурицио Покетино ги демантираше шпекулациите дека на крајот од оваа сезона ќе си замине од ПСЖ. Тој напоменува дека сака да го одработи целиот договор, кој што истекува во 2023 година.

Аргентинецот уште еднаш напомена дека главна цел на клубот е освојување на трофејот во Лигата на шампионите. Но, оваа сезона нема да биде можно, затоа што Парижаните се во „аут“ откако беа елиминирани од Реал Мадрид.

„Имам уште една година од договорот. Прашањето не е во желбата, туку во договорот. Секогаш се стремиме кон најдоброто, и тоа се нашите очекувања. Имаме уште желба да се одмаздиме. Една од главните цели е клубот да ја освои Лигата на шампионите. Разочарани сме што не успеавме, но невозможно е секој ден да играме финале и да освојуваме трофеи. Сезоната и натаму е во тек. Кога ќе заврши, ќе разговараме за иднината“, изјави тренерот на Покетино.

Се вчитува...