Маурисио Покетино конечно стигна до трофејот во Лига 1 каде ПСЖ без преголема мака ја мина слабата конкуренција. Сепак, и покрај освоената титула шампион, многу се споменува можноста 50-годишниот тренер да си замине од клупата на „светците“, а со ПСЖ се поврзуваат и многу други тренери.
Аргентинскиот стручњак е убеден дека и следната сезона ќе ги води парижаните. Тој го најави своето, но и останувањето на Килијан Мбапе.
„Какви се шансите да останам во ПСЖ и следната сезона? Во моментов има 100 проценти шанси да останам. Јас, но и Килијан Мбапе исто така“, изјави тренерот на ПСЖ.
Мбапе и претходно беше поврзуван со Реал Мадрид. Наводно бил потпишан преддоговор, но ПСЖ прави се за да го задржи во своите редови.
Кога станува збор за Покетино, тука ситуацијата е сосема спротивна, бидејќи челниците на ПСЖ се решени да го избркаат Аргентинецот од клубот, но треба допрва да преговараат за намалување на отштетата од 14 милиони евра што би требале да му ја платат за предвремен раскин на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА