Познат тимот на ПСЖ за дуелот против Сити?

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино денеска изјави дека е оптимист во врска со настапот на Килијан Мбапе во нападот за реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

“Ние ја проценуваме неговата состојба секој ден. Мислам дека тој ќе може да игра”, рече Покетино.

Пари Сен Жермен загуби од Манчестер Сити со 1-2 минатата среда на домашен терен во Париз, во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Покетино ќе го има на располагање скоро целиот тим, повреден е само Хуан Бернат, суспендиран е Идриса Геј, а според најавите на француските медиуми, составот на „светците“ треба да изгледа вака: Навас – Флоренци, Маркињос, Кимпембе, Диало – Верати, Паредес – Ди Марија, Нејмар, Дракслер – Мбапе.

Натпреварот во Манчестер на стадионот „Етихад“ се игра во вторник од 21:00 часот.

Се вчитува...