Покетино: Мбапе не влијаеше на моето заминување

Поранешниот тренер на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино ги отфрли тврдењата дека Килијан Мбапе е виновен за неговото заминување од францускиот шампион.

Аргентинецот на кормилото на „светците“ го замени Кристоф Галије, а Покетино после неколку недели молк конечно реши да се изјасни околу целата ситуација.

„ПСЖ направи се да го задржи Мбапе и јас бев согласен со тоа. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот. Сепак, Килијан не е тој кој го дизајнираше новиот проект. Тие кои управуваат со клубот се тие кои мислеа дека е најважно да се почне нов проект“, изјави Покетино. 

Се вчитува...