Покетино: Мислев дека е невозможно Меси да биде нов фудбалер на ПСЖ

Леонел Меси ова лето направи спектакуларен трансфер во редовите на ПСЖ откако Барселона не можеше да си ги дозволи услугите на аргентинскиот ас и доколку легендата на клубот се сложеше за драстично намалување на платата.

На оваа тема сега говореше и тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино кој вели дека е фантастично што може да соработува со еден од најголемите фудбалери на светот, а откри и дека мислел дека е невозможно ПСЖ да го доведе во своите редови.

„Јас не сум вистинскиот човек кој треба да го опише Меси. Има многу други луѓе со поширок вокабулар кои можат да го опишат како што тој заслужува. Тој секогаш ќе биде сметан за еден од најдобрите на светот. Од неговото доаѓање тој многу брзо се вклопи во тимот и им даде мотив повеќе на соиграчите. Искрено мислев дека е невозможно ПСЖ да го поведе Меси, а кога тоа се случи се се одвиваше многу брзо. Ме восхитуваше и кога ми беше противник, а сега кога сме заедно, се надевам дека ќе успееме да го одвеме клубот онаму каде што припаѓа“, изјави аргентинскиот стратег.

Се вчитува...