Покетино може да здивне: Мбапе го издржа цел тренинг на „Бернабе“

Килијан Мбапе ќе биде подготвен за реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид кој се игра утре. По првиот меч, Парижаните имаат предност од 1-0, и ќе се обидат да ја одбранат предноста и да обезбедат место меѓу најдобрите 8.

Мбапе се повреди пред патувањето во Мадрид, откако врз него стартуваше неговиот соиграч Идриса Гаје, потег кој наиде на експлозија на социјалните мрежи.

Инаку по пристигнувањето на Мбапе во Мадрид, настана нова лудница. Тој беше поздравен од навивачите на „кралевите“ и му порачаа да дојде во таборот на Реал Мадрид идното лето, кога му истекува договорот.

Се вчитува...