Покетино: Му се восхитувам на Гвардиола, тој е најдобар

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино изјави дека му се восхитува на неговиот колега од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред дуелот меѓу двата тима во полуфиналето од Лигата на шампионите.

„Пеп е најдобар. Му се восхитувам и мислам дека врши фантастична работа. Тој е неверојатен тренер, секогаш осмислува нови стратегии и тактики. Сакам да бидам предизвикувач на неговиот тим. Клубот е важен во таа приказна, му ги обезбедува сите потребни алатки и му ја возвраќа довербата“, изјави Покетино.

Минатата сезона ПСЖ играше во финалето на Лигата на шампионите, каде беше поразен од Баерн.

„Сега имаме повеќе искуство, но мора да одиме чекор по чекор. Треба да го победиме Сити, што ќе биде многу, многу тешко“, изјави Маурсио.

Првиот дуел помеѓу ПСЖ и Сити се игра во среда во Париз, со почеток во 21 часот.

Се вчитува...