Покетино: Навистина не знам што ќе направи Мбапе

Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Маурисио Покетино, нагласи дека напаѓачот, Килијан Мбапе, не изразил желба да си замине од „Паркот на принцовите“ што е сосема спротивно на сите најави дека набрзо ќе потпише за Реал Мадрид.

Покетино потенцираше дека Мбапе тренира нормално како и сите останати фудбалери, а досега единствено нешто што има слушнато за неговото заминување се вестите од медиумите.

„Мбапе ми нема кажано дека сака да си оди. Тој тренира одлично и навистина не знам какви му се плановите, се’ што имам слушнато е единствено од медиумите“, изјави аргентинскиот стратег.

ПСЖ кој досега забележа три победи во Лига 1, вечерва во рамките на 4. Коло го очекува мечот со Ремс, дуел за кој Покетино го повика Мбапе.

Се вчитува...