Менаџерот на Тотенхем, Марицио Покетино може да биде задоволен од вчерашната убедлива победа од 5-0 на Тотенхем против Бурнмаут. Но, спуштајќи ги од облаците сите навивачи на клубот, веднаш по мечот истакна дека тие може да сонуваат титула, но Ливерпул и Манчестер сити сепак се фаворити.
„Нашите навивачи може да сонуваат и да мислат за титулата што и да сакаат. Фудбалот е отворен за соништа и верувања, но мора да ги почитуваме нашите ривали. Ливерпул и Манчестер сити имаат историја на освојување бројни трофеи. Заслужуваме да бидеме тука каде што сме, но мора да одиме чекор по чекор без залетување. Сити и Ливерпул се фаворити за титулата“ – истакна Покетино.
Тотенхем по 19 кола се наоѓа на втората позиција со 45 бода, шест помалку од водечкиот Ливерпул, а еден повеќе од третопласираниот Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА