Покетино: Не може да добиеме натпревар со добра игра од 30 минути

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино даде свој коментар за поразот на неговиот тим што го доживеа на натпреварот против Рен (0-2).

Аргентинецот потенцираше дека на ниту еден натпревар не може да се победи со само неколку минути добра игра, па напомена дека ова бил и главниот проблем на неговиот тим во последниот меч од француската лига.

„Во целиот натпревар имавме добри 25-30 минути. Имавме неколку добри шанси да го отвориме резултатот, но ова не беше предодредено да се оствари. Потоа, Рен постигна гол на самиот крај на првото полувреме и го удвои водството една минута по почетокот на второто полувреме. Беше тешко да се справиме со тоа психолошки. Почнавме да се отвораме, а противникот стана господар на теренот. Првиот човек одговорен за овој пораз сум јас. Да, игравме добар фудбал половина час, но треба да научиме како да го правиме тоа сите 90 минути. Немавме проблем да се опоравиме, затоа што поминаа пет дена од натпреварот против Манчестер Сити“, изјави Покетино.

Се вчитува...