Покетино: Не сме воиграни, мора да станеме тим

Фаворизираниот ПСЖ не успеа да ја отвори новата сезона во Лигата на Шампионите со победа откако на гостувањето кај Клуб Бриж „мега-тимот“ предводен од Меси, Нејмар и Мбапе мораше да се задоволи само со бод (1-1).

По мечот тренерот на „светците“, Маурицио Покетино изјави дека никој во таборот на тимот не е задоволен со ремито, но дека на тимот му треба и време за да се воигра.

„Никој не е среќен за остварениот резултат, ниту играта која ја покажавме. Дојдовме во Белгија за да победиме, но не успеавме. Ја симнувам капата на Бриж. Одиграа храбро и покажаа повеќе желба за победа од нас. Заслужија бод. Нам ни треба време да се воиграме. Тоа е јасно уште од првиот ден. Не сме воиграни. Мораме да работиме напорно и да бидеме подобри во продолжението од сезоната. Неопходно е станеме тим“, изјави Аргетнинецот.

Се вчитува...