Покетино нема објаснување за свирежите кон Меси: Тоа е неверојатно, не можам да ја разберам публиката!

Пари Сен Жермен во саботата ја потврди титулата во Лига 1 и тоа со бодот кој го освои во дуелот со Ленс. Лионел Меси беше стрелец на единствениот погодок за „светците“ кои во самиот финиш останаа без победата, меѓутоа и резултатот од 1-1 беше доволен за пехарот број десет во нивната историја.

И на оваа средба дел од навивачите го изразија своето незадоволство, имаше свирежи кон играчите, а еден од нив беше Лионел Меси. Ова им стана навика на дел од симпатизерите по неуспехот во ЛШ, но за истите воопшто нема разбирање тренерот Маурисио Покетино.

„Свирежите против Меси? Тоа е неверојатно. Овие се тешки работи за прифаќање. Тешка ситуација за замислување и која според мене не може да се разбере. Уште повеќе со големината на Меси она што го дава и ќе продолжи да му го дава на фудбалот“, истакна Покетино за ‘ЕСПН Аргентина’.

Се вчитува...