Покетино: Нема сомнеж дека е најдобар на светот, но и на Меси му треба време

Лионел Меси ќе биде дел од тимот на Пари Сен Жермен за натпреварот против Манчестер Сити, но се уште не е сигурно дека ќе биде во стартниот состав, изјави тренерот на францускиот тим, Маурисио Покетино.

Аргентинецот ги пропушти последните два натпревари на „светците“ поради повреда на коленото, но треба да биде подготвен за натпреварот во вторник.

„Ќе ги знаеме стартните 11 на денот на натпреварот. Но, мислам дека Меси ќе биде во тимот”, изјави Маурисио.

Тренерот на францускиот тим посочи дека на 34-годишниот фудбалер му треба време да се навикне на новата средина.

„Зборуваме за најдобриот фудбалер на светот. Но, мора да разберете дека е потребно време да се прилагоди. Тој беше во Барселона 20 години, секако дека таму се чувствуваше како дома. Тука се’ е ново за него. Ќе успее, сигурен сум дека ќе постигне големи работи со овој тим“, потенцираше Маурисио.

Покетино очекува возбудлив и неизвесен натпревар против шампионот на Англија.

„Сити го води најдобриот тренер. Сакаат да ја освојат Лигата на шампионите. Но, тоа е и наш сон. Се чини дека Сити е пред нас, но во фудбалот, се’ е можно“, заклучи Аргентинецот.

Се вчитува...