Тотенхем е во интензивна потрага по нов менаџер откако Постекоглу доби отказ од оваа функција, но Маурицио Покетино воопшто не размислува за враќање во клубот со кој стигна до финалето од Лигата на Шампионите.
Аргентинскиот стратег беше спомнат како еден од можните кандидати, но актуелниот селектор на САД јасно стави до знаење дека нема намера да ја напушти оваа функција една година пред СП за да се врати на клупскиот фудбал.
„Ако зборуваме денеска на оваа тема, нереално е некој да очекува дека можам да се вратам во Тотенхем. Погледнете каде сум сега, со својот стручен штаб, не планирам дда си заминам наскоро. Откако си заминав во 2019, секогаш кога Тотенхем бара тренер моето име се споменува, но нема многу вистина во тие шпекулации. Во иднина можеби и би можеле да се поклопат коцките, но во моментов е јасно дека не може да постигнеме договор на оваа тема“, изјави Покетино.
Главен фаворит за нов стратег на „спарси“ останува актуелниот менаџер на Брентфорд, Томас Франк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА