Покетино објасни зошто го заменил Меси на полувремето

Синоќа на програмата беше дербито од француското првенство, а Пари Сен Жермен со 2-1 беше подобар од актуелниот шампион Лил. Вниманието на јавноста го привлече тоа што тренерот на Париз, Маурицио Покетино, на полувремето го замени шесткратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси.

Пресвртот на „светците“ во вториот дел го направија Маркињос и Анхел Ди Марија на асистенција на Нејмар.

„Меси се здоби со мала повреда повреда и моравме да реагираме. Разговаравме со докторот и се договоривме дека е подобро Лео да не игра во второто полувреме, да биде ставен под мерка на претпазливост. Не можеше да продолжи, но тоа не е голем проблем. Ќе биде подготвен за следниот натпревар“, изјави Маурисио Покетино по натпреварот.

Меси беше заменет со класичната „деветка“ Мауро Икарди, а новинарите се интересираа дали на тимот му одговара да игра со еден „вистински“ центарфор.

„Не мислам дека недостатокот на напаѓачи во првото полувреме ни беше проблем. Едноставно, Лил не познава многу добро. Не ги „храневме“ напаѓачите со топки и не воспоставивме контрола врз играта. Не би рекол дека позицијата на еден играч прави толку големи разлики“, изјави тренерот на тимот од француската престолнина.

По оваа победа, ПСЖ е прв на табелата со десет бода повеќе од второпласираниот Ленс. Во следното коло тимот на Покетино гостува кај Бордо.

 

Се вчитува...