Покетино: Одбивањето на Мбапе е разочарување за Реал Мадрид, не сум изненаден од одлуката

Тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино проговори за ситуацијата со Мбапе и одбивањето на Реал Мадрид, и на крај да остане во ПСЖ.

Тој рече дека не е изненаден од одлуката на Французинот, но дека тоа е разочарување за Реал Мадрид.

„Одлуката не ме изненади, бевме сигурни дека тој уште ништо не одлучил, и дека ништо нема да се знае до последен момент. Сите играчи на ПСЖ ја дознаа одлуката непосредно пред објавувањето. Само Хакими однапред знаел дека тој ќе остане. Официјално бев информиран дека Мбапе ќе потпише нов договор на 30 минути пред објавувањето. Дури и кога бевме со него, не ја знаевме конечната одлука.

Одбивањето на Мбапе е разочарување за Реал Мадрид. Нема да го споделам своето мислење. Одлуката е одлука, но ќе биде од корист за клубот, навивачите, Франција“, рече Покетино.

Мбапе потпиша нов договор до 2025 година. Се шпекулира дека ПСЖ да го задржи му понудила и да бира нови играчи и нов тренер за клубот.

Се вчитува...