Покетино одговори на прашањето кој е подобар, Меси или Мбапе?

Тренерот на францускиот гигант ПСЖ, Маурицио Покетино вчера на прес-конференцијата во Мадрид пред денешниот натпревар со Реал Мадрид беше прашан од новинарите кој според него е подобар играч, дали Килијан Мбапе или Лионел Меси.

Тоа беше изненадувачко прашање за Покетино, кое на крајот, го одговори.

„Меси е најдобар на светот со седум освоени Златни топки, но има и многу добри играчи кои претендираат за титулата најдобар. Формата на Мбапе говори сама за себе. Тој е еден од оние играчи кои се многу добри и брилијираат“, рече Покетино.

Покетино вечерва ќе брани предност од 1-0 над Реал Мадрид, стекната на првиот меч во Париз.

Се вчитува...