Покетино пред дербито со Реал: Ова ќе биде финале, ПСЖ цели кон трофејот во ЛШ

Дуелот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид привлекува најголемо внимание во осминафиналето од Лигата на шампиони, турнир кој по долга пауза стартува на програмата утре.

Тренерот на „светците“, Маурисио Покетино смета дека овај дуел можело да биде и финале во Лигата на шампиони.

„Мислам дека двете екипи имаат ист притисок. Го почитуваме Реал како еден од најголемите клубови на светот. Тоа е клуб кој зборувава сам за себе во ЛШ без разлика кои играчи играат и кој е тренер. Големината на Реал Мадрид ни е добро позната. Овој дуел може да биде финале во Лигата на шампиони. ПСЖ го сака овој трофеј повеќе од 50 години, па ние сме предизвикувачи. Реал е тој кој има навика да го освојува трофејот во Лигата на шампиони“, заклучи Аргентинецот.

Се вчитува...