Покетино: ПСЖ е во постојан контакт со Меси, не знам кога ќе се врати во Париз

Францускиот фудбалски гигант, Пари Сен Жермен (ПСЖ) потврди дека четворица фудбалери од првиот тим добиле позитивни тестови на Ковид-19. Меѓу нив е и првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси, кој не се вратил во Париз по новогодишните празници и останал во својот дом во изолација.

Меси е само дел од мноштвото фудбалери кои во последниот период се „жртви“ на вирусот, а тренерот на ПСЖ, Маурицио Почетино откри дека е во контакт со својот најдобар фудбалер, но засега не знае кога ќе го има на располагање.

„Сите знаеме како треба да се заштитиме од вирусот. Сепак, тоа не е гаранција и можеме да се заразиме. Никој не знае точно како функционира овој вирус. Со Меси сме во постојан контакт, нашите медицински лица му дадоа насоки што да прави во следниот период. Во Франција ќе се врати кога ќе го добие негативен тест, а во овој момент не знам кога ќе се случи тоа и кога ќе го имам на располагање“, рече Почетино.

Покрај Аргентинецот, заразени се уште Хуан Бернат, Серхио Рико и Нејтан Битумезала. Сите се во изолација и надвор од тренажен процес со соиграчите најмалку десет дена.

Се вчитува...