Покетино: ПСЖ има што да му понуди на Мбапе

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино истакна дека клубот ќе направи се’ за да го задржи Килијан Мбапе. Во текот на летото на големо се зборуваше дека младиот француски фудбалер може да се пресели во Реал Мадрид, но тоа на крај не се случи.

Килијан подоцна отворено призна дека побарал од управата на клубот да го напушти „Паркот на принцовите“, но не успеале да се договорат.

„Мбапе е добро момче, тој е многу зрел за некој кој има само 22 години. Килијан ќе ја донесе одлуката што треба да ја донесе, а клубот ќе направи се’ што може за да го задржи. Зборуваме за еден од најдобрите млади фудбалери во светот. Ситуацијата е отворена, се’ може да се случи во иднина. ПСЖ како клуб сигурно има амбиција, но и способност да го убеди да остане и да му понуди работи со кои би бил среќен. во Париз“, заклучи Маурисио.

Се вчитува...