Покетино: Рамос не е истиот од 2014 година

Тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино, ги коментираше новите настани околу парискиот тим, и ангажманот на многуте ѕвезди.

Сепак, поседување на толку силен тим со толку ѕвезди како Меси, Донарума, Нејмар, Мбапе, Рамос… носи и еден вид притисок на големи очекувања и освојување на титули.

„Реалноста на Серхио Рамос е различна од онаа во 2014 година. Исто така и онаа на Меси и Нејмар. Овие фудбалери се одлични, шампиони се, но мора да се навикнат на реалноста. Тие биле најдобри, а сега очекуваме да бидат на нивното ниво. Кога ќе бидат најдобрата верзија од нив, тогаш ќе може да постигнеме многу“, рече Покетино.

Коментираше и за потписот на Меси.

„Тој е веројатно најдобар на сите времиња. Направивме одлична работа со потписот. Тоа создаде огромни очекувања во Париз“, кажа Покетино и додаде:

„Мбапе е одличен професионалец и го почитува договореното. Тој е интелигентен и млад, но зрел. Како фудбалер одличен. Тој е сегашноста и иднината“, вели Покетино.

Се вчитува...