Покетино: Рамос нема да игра против Реал, но ме замоли да патува во Мадрид

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино потврди дека екс- капитенот на Реал, Серхио Рамос нема да игра во реваншот против „кралевите“.

Рамос, кој оваа сезона одигра само неколку натпревари за ПСЖ има проблем со повреди, но ќе патува со „светците“ во Мадрид.

„Серхио ме замоли да патува со нас. Тој скоро цела кариера ја помина во Реал Мадрид и освои се таму. Јасно е дека би сакал да се врати и ќе патува со нас за да го гледа мечот. Важно е да сме обединети во вакви моменти“, изјави Покетино.

Се вчитува...