Покетино се враќа на клупата на Тотенхем!?

Тотенхем размислува за тренерска смена после најновиот пораз од Вест Хем на домашен терен, по што позицијата на данскиот тренер Томас Франк е сериозно разнишана.

Спарси се на 14, место на табелата, а во 22 меча остварија само седум победи. И покрај тоа, Франк е убеден дека ја има поддршката од менаџментот, и го вклучил во плановите за летните засилувања, но тоа не значи дека долго ќе се задржи во Лондон, особено ако резултатите не се на посакуваното ниво.

Во случај на смена, Тотенхем ќе ангажира привремено решение до крајот на сезоната, а потоа размислува за враќање на Маурисио Покетино. Покетино ќе ги води САД на идниот Мундијал, а потоа може да размислува за „кам-бек“ во Лондон.

Со Покетино, Тотенхем ги постигна најголемите успеси. Играше во финалето во Лигата на шампионите, а клубот го водеше од 2014 до 2019 година.

Се вчитува...