Покетино: Среќен сум во Тотенхем, потпишав нов договор

Тренерската позиција во Реал Мадрид е моментно најпосакуваното работно место во европскиот фудбал, но очигледно дека менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, и не сака така лесно да го напушти Лондон за да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Вели дека му е убаво во Тотенхем, се чувствува среќен и потпиша нов договор до 2023 година.

„Сите имаме свои сништа, но јас тукушто потпишав нов договор и среќен сум во Тотенхем. Дали се гледам на клупата на Реал Мадрид? Кога ќе се јави таков клуб, едноставно морате да ја слушнете нивната понуда. Еден ден, секако, сакам да бидам и селектор на мојата репрезентација. Тоа се предизвици што ги има секое дете кое го сака фудбалот. Би сакал да ги водам Аргентина, Њуелс, Еспањол, Реал Мадрид, зошто да не“, изјави Маурицио Покетино.

На крајот, на шеговит начин истакна што планира за својата иднина.

„Искрено, сега ќе одам на ручек. А потоа, имам и други обврски. Околу фудбалската иднина, тоа засега е прашање со компликуван одговор“, дополни аргентинскиот стратег.

Се вчитува...