Вчера Дарко Велковски, а денеска Александар Трајковски. Работнички прашува: Кој е следниот?
Репрезентативците кои се без ангажмани, тренираат со „романтичарите“ за да се задржат во форма пред квалификациските натпревари против Италија и против Малта во септември.
Велковски и Трајковски се приклучија на тренинзите на Работнички, а дали е можен трансфер, тоа засега не е познато. Инаку Велковски во минатото нстапуваше за Работнички, додека Трајковски од домашните клубови играше само во Цементарница а потоа замина во странство и нема заиграно долго време во мак-фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА