Покрената истрага: Кој е фудбалерот од Премиерлигата кој „шмркаше“ кокаин во јавност!?

Фудбалската асоцијација на Англија покрена истрага по добиените информации од страна на медиумите за фудбалер од Премиер лигата кој во јавноста конзумирал кокаин.

Неименуван фудбалер од силен англиски премиерлигаш е фатен во тоалет во ноќен клуб како „шмрка“ кокаин, а бил откриен од соиграч од екипата. По половина час во ноќниот клуб се појавил и менаџерот на тимот за кој игра фудбалерот, но мислејќи дека е само пијан а воопшто не претпоставувајќи дека е под влијание на дрога, го испратил дома со такси.

„Сите зборуваа за тоа. Тоа не беше официјална забава на клубот, но после неколку пијалоци се претвори во забава на неколку фудбалери и менаџерот на клубот. Соиграч го виде како ‘шмрка’ и по половина час веќе беше во тотален хаос. Шефот полуде, го однесе на задниот излез од ноќниот клуб и го испрати дома мислејќи дека испил малку повеќе“ – вели извор од клубот за „Сан“.

По сите овие информации во медиумите реагираше Фудбалската асоцијација на Англија која побара од сите кои знаат нешто за овој случај да испратат информации до ФА. Ќе биде покрената истрага но се очекува пријава, па дури и анонимна, за да се дознае името на фудбалерот.

Се вчитува...