Пол Џорџ останува во „Ел-Еј“ во следните пет години

Клиперс и Пол Џорџ ја продолжија соработката на дополнителни четири години со што супер-ѕвездата ќе заработи 226 милиони долари во следните пет години. Шесткратниот Ол-стар играч пристигна во редовите на тимот од Лос Анџелес минатата сезона, заедно со Каваи Ленард како дел од планот за прва титула во клупската историја, но во првиот обид, Клиперс беа запрени од Никола Јокиќ и Денвер во полуфиналната конференциска серија во која имаа и предност од 3-1.

Со продолжување на договорот со 30-годишниот Џорџ, Клиперс исполнија 35% од „селари кепот“ со што го ограничија просторот за доведување на елитни играчи во иднина.

Се вчитува...