Пол Пирс: Да бидеме реални, во Топ 5 на сите времиња нема место за Леброн

Легендарниот кошаркар на Бостон Селтикс, Пол Пирс смета дека за „ѕвездата“ на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс нема место меѓу петте најдобри кошаркари во историјата на НБА лигата.

Според  поранешниот „ас“ на Селтикс, нема дилема дека најдобар е Мајкл Џордан, а по него во Топ 5 следуваат, Карим Абдул Џабар, Бил Расел, Меџик Џонсон и Коби Брајант.

Познато е дека нетрпеливоста меѓу Пирс и Џејмс е голема уште од времето кога играа неверојатни плеј-оф серии на Истокот како членови на Бостон и Кливленд, а многу од аналитичарите во САД велат дека Пирс за Леброн е тоа што своевремено беше Ајзеа Томас за Мајкл Џордан.

Се вчитува...