Пол – позиција за Фетел, а Хамилтон ќе стартува дури од 14.место во Германија

Актуелниот лидер во генералниот поредок во Формула 1, Себастијан Фетел, ќе тргне од пол-позицијата на трката во Германија. Тој на патеката „Хокенхајм“, пред домашните фанови, беше најбрз на денешните квалификации. Фетел извозе рекордно време на патеката, а неговиот главен конкурент Луис Хамилтон, поради проблеми со хидрауликата се откажа уште во првата квалификациска сесија. Тој ќе стартува како 14-ти на утрешната трка.

Фетел извозе круг за 1:11,212 минути и беше за две десетинки побрз од Валтери Ботас од Мерцедес. Неговиот клупски Кими Раиконен ќе стартува од вториот ред, заедно со Макс Ферстапен од Ред Бул. Потоа ќе следат Кевин Магнусен и Ромаин Грожан на Хас…

Се вчитува...